Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо, ги негира шпекулациите дека одбил да влезе во игра на мечот со Селта кога неговиот тим имаше предност од 3-0. Медиумите тврдат дека Бразилецот требало да го замени Ансу Фати.
„Новинарите ги измешаа работите. Јас сум голем професионалец“ – потенцираше Кутињо кој се насочи кон доаѓањето на Чави на тренерската позизија.
„Чави е легенда на клубот и неговиот кам-бек би можел да и помогне на Барса. Се надевам дека ќе добијам шанса да одиграм 4-5 меча во серија и да го достигнам нивото кое го посакувам“ – вели Кутињо.

