Претседателот на фудбалскиот состав Вардар, Слободан Крстевски и Генералниот менаџер на болницата -„Неуромедика“, д-р Емил Угриновски, денеска потпишаа договор за соработка кој ќе биде валиден во наредните пет години.
Првиот човек на „Блу Скај Инвестмент“, кој сега ја има истата улога кај „црвено-црните“ и докторот, Угриновски, кој има допирни точки со спортот и преку ракометот, едногласно го потенцираа задоволството од новото партнерство.

На средбата со новинарите на која беше промовирана новата соработка меѓу двата бренда во различни сегемнти од живеењето, присуствуваа и преставници на вардаровите навивачи – Комити“.

