Фудбалерот на словачкиот Спартак Трнава и на нашата репрезентација, Милан Ристовски, во интервјуто за – „Калчомеркато“, ги обелодени очекувањата за бараж мечот со Италија за место на Светското првенство во Катар.
„Ќе играме против европските шампиони. Доколку ја имавме можноста да одлучуваме за противникот во баражот, тоа сигурно немаше да биде Италија. Како и да е, од друга страна, имаме прилика да го покажеме нашиот квалитет и нашиот дух против таков силен противникот. Едвај го чекаме натпреварот – вели Ристовски.
Македонскиот интернационалец има одиграно 17 средби во словачкиот шампионат и постигнато 7. голови.

