Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Лазаров: ќе работиме напорно за посветла иднина
    Домашен микс

    Лазаров: ќе работиме напорно за посветла иднина

    dinoBy dino16/01/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, на денешната кратка средба со новинарите се осврна на досегашниот настап на Евроспкото првенство во групата во Унгарија. Ние со двата пораза (Словенија и Црна Гора) ги загубивме шансите з аплсман во втората рунда.

    „Поразот боли, но сакам да истакнам дека не е иста оваа репрезентација без Лазаров, Маркоски, Митрески, Ојлески, Стоилов, Манасков, без невакцинираните. Планот беше да дојдеме комплетни и да им се спротиставиме на сите. Не е ова алиби, туку реална ситуација. Загубивме два натпревари, првиот гордо, со многу жар и борба. Можеби тоа не наведе да помислиме дека можеме лесно да ја победиме Црна Гора. Но, ние ги мотивиравме Црногорците. Тие имаат одлични индивидуалци, споредувајќи во кои клубови играат нивните и нашите ракометари тие се во предност“ – вели Лазаров.

    „Оптимист сум и прифаќам критика. Почнуваме од нула, но за кратко ќе разговараме кој грешел и зошто грешел. Верувам во репрезентацијата, можеби јас повеќе од ракометарите. Им недостига тој победнички менталит, велат се раѓа спортист со таков менталитет. Но, може да им се вгради тој менталитет“ – потенцираше нашиот селектор.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ставре Јада го освои 86. место на машкиот спринт на 1,5 км.

    08/02/2022

    Македонските олимпијци маскирани во црвено-жолто тренираат во Пекинг

    05/02/2022

    Цветановска ќе има само еден настап на ЗОИ

    04/02/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    Маркетинг

     

    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Мусиала е во изолација
    • Себастијан Џовинко се враќа во Италија, ќе игра за Сампдорија!
    • Кристијан Роналдо без гол и асистенција во 2022 година
    • Барселона ќе го менува името на стадиот поради новиот спонзор
    • Перишиќ не е задоволен од понудата на Интер за нов договор
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.