Новајлијата во Серија А, Монца договори потпис со уште еден централен дефанзивец. Тимот ќе се засили со Пабло Мари од Арсенал. Бразилецот пристигна во тимот на позајмица до крајот на сезоната, а доколку Монца го задржи местото во италијанската елита, ќе биде купен следното лето.
Мари е вториот централен дефанзивец кој италијанскиот клуб го доведе во последните денови по Марлон од Шахтјор Доњецк.