СЕХА го издвои идеалниот тим на завршниот Ф4 турнир во Задар на кој ракометарите на Веспрем го освоија првото место, Загреб второто а Еурофарм Пелистер е трет пред Нексе.
Во идеалниот тим се двајца ракометари на битолчани – Жарко Пешевски и Усама Хосни. Друштво им прави и поранешниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров.
Голман: Аљаш Пајнтар (Загреб)
Лево крило: Тимур Дибиров (Загреб)
Лев бек: Звонимир Срна (Загреб)
Среден бек: Кентин Мае (Веспрем)
Десен бек: Усама Хосни (Пелистер)
Десно крило: Никита Валјупов (Веспрем)
Кружен напаѓач: Жарко Пешевски (Пелистер)
Дефанзивец: Јаков Гојун (Загреб)
МВП: Расмус Лауге Шмит (Веспрем)