УЕФА го потврди распоредот на натпревари од нашата квалификациска група за пласман на Европското фудбалско првенство во 2024 во Германија.
„Европската куќа на фудбалот“, доцна синоќа, објави дека имало технички грешки и дека новиот распоред ќе биде објавен во текот на денов. Очигледно дека тоа се однесувало на другите групи.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
(23 март 2023) Македонија – Малта
(16 јуни 2023) Македонија – Украина
(19 јуни 2023) Англија – Македонија
(09 септември 2023) Македонија – Италија
(12 септември 2023) Малта – Македонија
(14 октомври 2023) Украина – Македонија
(17 ноември 2023) Италија – Македонија
(20 ноември 2023) Македонија – Англија