Италијанските фудбалски прволигаши имаат различни ставови околу завршувањето на сезоната во Серија А. Поради коронавирусот и тешката ситуација на Апенините нема спорт, а последните информации се дека ќе се направи обид таа да продолжи на крајот на мај или почетокот на јуни.
Асоцијацијата на фудбалери бара да се замрзнат платите на фудбалерите за април, додека клубовите бараат да се намалат за четири месеци.
Инаку за продолжување на сезоната во моментов гласаат Јувентус, Лацио, Рома, Наполи, Верона, Парма, Сасуоло и Лече. Против се Торино, Удинезе, Сампдорија, Џенова, СПАЛ, како и Бреша чиј претседател беше најгласен по ова прашање. Тој дури најави дека доколку се продолжи сезоната тој нема да го пушта тимот на теренот, па дури и да ги губи натпреварите со службен резултат.
Останатите клубови како Милан, Интер, Фиорентина, Аталанта, Болоња и Каљари се уште се немаат изјаснето околу тоа прашање.