Доцна во ноќта беа одиграни последните два меча од групната фаза на „Копа Америка“. Во групата „Ц“ , фудбалерите на Уругвај со голот на Кавани успеаа да слават против Чиле со 1:0 додека Еквадор и Јапонија ремизираа 1:1 по што го завршија натпреварувањето.
Сега според програмата од петок до недела не очекуваат мечевите од првата елиминациска фаза во која ќе играат: Бразил против Парагвај, Аргентина со Венецуела, Колумбија против Чиле и Уругвај со Перу. Покрај селекциите на Еквадор и Јапонија кои се враќаат дома, коферите си ги спакуваа и Катар и Боливија.
Според шемата, доколку „кариоките“ кои се домаќини на Копа Америка успеат да го совладаат Парагвај тогаш во 1 /2 финалето може да се сретан со четата на Меси, под услов „гаучосите“ да бидат подобри од селекцијата на Венецуела.