Македонската машка ракометна репрезентација вечерва загуби во пријателски меч од Хрватска со 27:25 во Арената во Вараждин.
По одличниот прв дел кога блескаше голманот Митревски и успеавме да направиме предност од 14:13, Хрватска одигра далеку подобро во вторите 30 минути и на крајот успеа да дојде до победата.
Во нашиот табор Атанасијевиќ имаше пет голови, Костески постигна четири а Кузмановски и Серафимов по три. Македонија во првото коло на Мундијалот на 15-ти јануари ќе игра против Унгарија токму во Вараждин.

