Кошаркарите на Оклахома израмнија во финалната серија против Индијана на 1-1, откако синоќа победија со 123-107.
Домаќините победата ја најавија во првото полувреме кога направија двоцифрена предност и успеаја да ја задржат до крајот. Мечот го одбележа МВП-то во тековната сезона, Шеј Гилџус-Александар, кој влезе во историјата на НБА.
Тој во првите два меча од финалето постигна 72 коша. Тоа се најмногу поени што некогаш ги постигнал играч во првите два натпревара во трката за титулата.

