Центарот на Индијана, Мајлс Тарнер, објасни што тргнало наопаку во вториот натпревар од финалето во НБА лигата против Оклахома. Неговиот тим загуби со 123:107 по што резултатот е нерешен 1-1.
„Имаше моменти во нашата игра што не беа добри. Треба повеќе да го напаѓаме кошот. Цела сезона сме еден од најдобрите тимови во рекетот“ – рече кошаркарот.
„Имавме само четири или шест поени од рекетот во првото полувреме а тоа не е кошарката на Пејсерси. Кога се обидуваш само со тројки, постојат големи шанси да не ја оствариш целта“ – рече Тарнер.

