Кошаркарот, Тајсон Картер, може да ја продолжи кариерата во соседна Србија. 27-годишниот бек на Уникаха имаше просек од 12,8 поени и 4,3 асистенции во Лигата на шампионите.
Неговиот состав го освои победничкиот пехар а Американецот беше прогласен за најкорисен играч на завршниот Фајнал-фор.
Картер може да се пресели во Евро-лигата а главен кандидат за неговиот потпис е Црвена Ѕвезда.

