Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Ad Аstra стана генерален спонзор на младинските лиги
    Кошарка

    Ad Аstra стана генерален спонзор на младинските лиги

    sasoBy saso13/06/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска беше потпишан договор за стратешка соработка меѓу Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) и Natura Therapy.

    Договорот беше официјално потпишан од страна на претсавниците на компаниите, односно потпретседателот г. Младен Ѓуроски и претставник на Natura Therapy г. Сашко Дрвошански. Со овој договор, Ad Аstra – потбренд на компанијата Натура Терапи како синоним за спортот, фитнесот и рекреацијата, станува генерален спонзор на младинската кошаркарска лига, која од денес гордо ќе го носи името „Adastra младинска кошаркарска лига“.

    Ова партнерство заедно со финансиската поддршка ќе овозможи и реализација на серија долгорочни активности, кампањи и едукативни иницијативи кои ќе ја поддржат физичката активност, менталната стабилност и здравиот развој на децата и младите низ целата држава. Покрај финансиската поддршка за Кошаркарската федерација договорена со генералното спонзорство на АД АСТРА младинската кошаркарска лига, Натура Терапи ќе отвори посебен фонд во кој ќе се донираат и акумулираат средства од продажбата на сите производи од палетата на АД АСТРА, односно со секое купување на овие производи всушност вие донирате и во фондот за унапредување на кошарката, а овие насобрани средства, еднаш во годината во договор со федерацијата, ќе бидат наменети како финансиска поддршка на наши успешни поединци кошаркари или други соодветни проекти.

    Natura Therapy како општествено одговорна компанија ја проширува својата мисија со поддршка на развојот на спортот кај младите и создавање на млади генерации со здрави навики за здрав живот од најрана возраст. Преку ова партнерство, Natura Therapy ја засилува својата улога во заедницата, вложувајќи во иднината на децата и промовирајќи вредности како дисциплина, упорност и тимска работа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.