Младите ракометари на Еурофарм Пелистер не успеаја да приредат сензација на завршницата на младинскиот фајнл-фор во Лигата на шампиони. Дански ГОГ славеше против македонскиот тим со убедливи 36:21. Во финалето данскиот клуб ќе игра со подобриот од Веспрем и Барселона.
Хаџиќ и Буторац со по четири погодоци беа први стрелци кај македонскиот тим.
За младите ракометари на Пелистер учеството на Ф4 завршницата останува големо искуство за во иднина.

