Германски Магдебург повеќе од заслужено стигна до трофејот во Лигата на шампионите по третпат во својата клупска историја. Германскиот вицешампион ја победи Барселона во полуфиналето со 31:30, а потоа и германскиот шампион, тимот на Фухсе Берлин во финалето со 32:26 (16:12).
Во натпреварот за третото место, Нант ја победи немотивираната Барселона со 30:25.
Во тимот на Магдебург доминираа Сергеј Ернандез со 14 одбрани, Гисли Кристијансон со осум, Феликс Клар и Омар Магнусон со по шест гола. Во Фухсе Берлин, Матијас Гидсел и Хакун Тејгум постигнаа по седум гола.
Магдебург се врати на тронот по 2023 година кога последен пат се закити со европската круна.

