Кошаркарот на Оклахома, Џејлен Вилијамс, постави анти-рекорд во финалето на НБА гледано по одредени статистички показатели.
Поентерот на Тандер во шестиот натпревар одигра 27 минути и постигна 16 поени ( 6 од 13 од поле, 0 од 4 од линијата, 4 од 5 за тројка), 3 скока и 1 асистенција со 3 изгубени топки.
Неговиот рејтинг на ефикасност беше -40, што е најлошиот резултат за натпревар од финалето во историјата на НБА . Претходниот анти-рекорд го имаше бекот на Бостон, Дру Холидеј со -38 во четвртиот натпревар од финалето во 2024 година против Далас.

