Koшаркарот на Сан Антонио Спарс и на репрезентацијата на „галските петли“, Виктор Вембањама, ја откри според него идеалната стартна петорка на сите времиња во НБА лигата.
21-годишната супер-ѕвезда потенцираше дел од легендите и ги постави според позициите на теренот.
Еве ја идеалната стартна петорка на Вембањама. Плејмејкер: Стеф Кари, бек-шутер: Мајкл Џордан, крило: Леброн Џејмс, крилен центар: Тим Данкан и центар: Шекил О’Нил.

