Женската кошаркарска репрезентација на Македонија за кошаркарки „под 18“ години ги одработува подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ова лето ќе се игра во литванските градови Вилнус и Алитус.
По оние први контролни натпревари на гостувањето во Црна Гора, селекторот Виктор Петровски сега на располагање ги има сите кошаркарки, вклучително и сестрите Мила и Ања Начевски. Македонија следните контроли ќе ги има против селекцијата на Косово.
„Подготовките се одвиваат во најдобар ред. Сега ни следуваат уште две пријателски средби со Косово, на кои ќе видиме што и колку сме одработиле во претходните денови. Целта ни е да ја задржиме оваа позитивна атмосфера присутна на тренинзите, и да бидеме во иста оваа енергија и на првенството во Литванија“ – вели селекторот Петровски.

