Кошаркарот на Оклахома, Шеј Гилџус-Александар, отишол да го посети противничкиот играч Тајрис Халибартон, откако заврши седмиот меч за титулата во НБА лигата.
Бекот на Индијана заработи потешка повреда на Ахилова тетива во првата четвртина на решавачкиот натпревар но, остана до крај во салата за да го бодри тимот. По дуелот, лидерот на „Тандер“ отиде да го посети противникот.
„Тоа е толку навредливо, толку неправедно“ – рече Шеј во неговата реакција за тоа што му се случи на играчот на Пејсерси.

