Поранешниот тренер на кошаркарите на Далас, Ејвери Џонсон, очекува Маверикс да се вратат на шампионските патеки.
„Тимот ќе биде неверојатен откако Кајри Ирвинг ќе оздрави. Тие сè уште го имаат Ентони Дејвис. Ќе го потпишат повторно Даниел Гафорд. Овој тим е изграден да биде еден од најдобрите во лигата“ – вели Џонсон.
„ Имаат неколку квалитетни млади играчи кои доаѓаат од клупата. Тие имаат светла иднина“ – рече поранешниот тренер на Далас.

