Кошаркарот на Минесота во НБА лигата, Лука Гарза, ќе се пресели во редовите на Бостон Селтикс, објавија дел од медиумите во САД.
Центарот ќе потпише договор за две години за вкупни 5,5 милиони долари. Гарза ги помина последните три години во Минесота.
Таму во сезоната 2024-25 имаше просек од 3,5 поени, 1,4 скока и 0,3 асистенции за 5,6 минути поминати на теренот.

