Кошаркарот, Тајус Џонс, ќе му се приклучи на тимот на Орландо во НБА лигата. Поентерот кој има 29 години ќе потпише едногодишен договор вреден 7 милиони долари.
Џонс во изминатата сезона играше за Финикс, постигнувајќи просек од 10,2 поени, 5,3 асистенции и 2,4 скока.
Бекот кој е висок 185 сантиметри, имаше забележителен ефект за тројки или статистички гледно – 41 процент.

