Искусниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте и во наредната сезона ќе биде во Битола. Десниот бек на словенечката репрезентација го продолжи договорот на уште една сезона. Така Цехте наскоро ќе ја започне третата сезона во Македонија, откако во 2023 година дојде од Скандинавија.
Нејц Цехте е стандарден репрезентативец на Словенија со околу стотина настапи во дресот со државниот грб. Цехте ќе се јави на прозивката за новата сезона на крајот од месец јули.

