Денеска во Црна Гора стартува ракометното младинско Европско првенство (ЕП) 2025. Конкуренцијата за титулата ќе биде пожестока од кога било, бидејќи 24 учесници, во споредба со 16 на претходните изданија, ќе се натпреваруваат на највисоко ниво за титулата на ЕП 2025 во Црна Гора.
Во првата рунда од натпреварите по групи селекциите ќе се борат за првите две места кои водат во главната рунда.
Македонија ќе се соочи со европскиот првак Унгарија, а во иста група се уште Полска и Чешка, а селекторот Симе Симовски нема да смета на две важни ракометарки – Ива Младеновска и Хана Мифтари, кои се повредени, како и на Маја Раткушиноска која се повреди за време не подготовките за ЕП.
Македонија првиот меч го игра вечерва со почеток во 19:30 часот во „Бемакс Арена“ во Подгорица.
Унгарија е голем фаворит на мечот со Македонија, но и во нашата група, тие доминираат во оваа конкуренција со три последователни титули — во 2019, 2021 и 2023 година — што ги прави фаворити и во 2025 година.
Прелиминарната рунда која запошнува денеска ќе заврши на 12 јули, кога 12 репрезентации ќе се пласираат во главната рунда. Само осум селекции ќе стигнат до четвртфиналето на 17 јули, а полуфиналето е закажано за следниот ден, 18 јули. Новите шампионки ќе ги дознаеме на 20 јули.
ЕП 2025, младинки:
Група А: Унгарија, Чешка, Македонија, Полска
Распоред на натпревари, 1 коло:
14:30 Чешка – Полска
19:30 Унгарија – Македонија
Foto: RFM/ facebook

