Италијанскиот состав Виртуз Болоња, го ангажираше српскиот центар, Ален Смаилагиќ. 22-годишниот кошаркар кој е висок 208 сантиметри ќе има шанса повторно да настапува во Евро-лигата.
Смаилагиќ пристигна од екипата на Жалгирис а Виртус за неговите услуги плати 300.000 евра. Тој во претходната сезона во дресот на литванскиот состав имаше во просек 8,1 поен и 2,9 скока.
Самилагиќ претходно ги носеше дресовите на Партизан, Санта Круз и НБА тимот Голден Стејт.

