Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир под водство на новиот селектор Марјан Илиевски во пресрет на стартот на подготовките за претквалификациите за СП 2027.
Нашиот национален тим влегува во процес на сериозна смена на генерации, па во претстојните дуели со Романија и со Унгарија на терен би требало да видиме голем број на млади играчи кои допрва ќе треба да го носат товарот во националниот тим. На поширокиот список на Илиевски се најде и доскорешниот капитен Војдан Стојановски, како и единствениот евролигашки македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ, но двајцата ќе го пропуштат овој циклус.
Првиот собир во Скопје е денеска во 18 часот во СРЦ Кале.

