Кошаркарот, Кам Спенсер, ќе го продолжи договорот со Мемфис и ќе заработи 20.5 милиони долари. 25-годишниот дефанзивец ќе има загарантиран договор за наредните три години.
Играчот кој е висок 193 см беше избран како 53-ти пик на НБА драфтот во 2024 година од страна на Детроит а потоа испратен во Мемфис.
Спенсер во претходната сезона имаше просек од 4,2 поени, 1,2 скока и 1,4 асистенции.

