Кошаркарскиот состав Будуќност доцна синоќа потврди дека го ангажирал Французинот, Џери Батсел.
32-годишниот бек во претходната сезона започна во турскиот состав Каршијака а потоа се пресели во тимот на Дубаи.
– Тој беше избран во идеалната дефанзивна петорка на Лигата на шампионите на ФИБА во сезоната 2022/23. Тој е одличен во скокање – подеднакво на двете страни од теренот“ – се наведува меѓу другото во објавата на тимот од Подгорица.

