Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 17 до 24 место на Европското првенство во Црна Гора.
Противник на нашире млади ракометарки ќе биде селекцијата на Швајцарија. Доколку слават младинките ќе разигруваат против победникот од Словенија – Португалија за пласман од 17 до 20 место.
Во спротивно, ќе играат против поразениот од тој натпревар за пласман од 21 до 24 на ова ЕП.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра со почеток во 17:00 часот во салата „Верде“.
PHOTO: RFM/facebook

