Легендарниот играч на Портланд, Дамијан Лилард, ќе се врати кај Блејзерси и ќе потпише тригодишен договор за максимални 42 милиони долари. Тој последните две сезони ги помина во Милвоки.
Лилард помина 11 сезони во Портланд, девет пати беше избран во Ол-стар тимот. Лилард е прв во историјата на Портланд по поени (19.376) и тројки (2.387) и втор по асистенции (5.151).
Кошаркарот нема да игра во сезоната 2025-26 бидејќи е на рехабилитација откако ја повреди ахиловата тетива.

