Денеска во Виена во седиштето на ЕХФ беа формирани групите за новата сезона во Лигата на Европа.
Ракометарите на Вардар ќе бидат во групата „Ф“ со Кристијанштад од Норвешка, Феникс Тулуз од Франција и победникот од двомечот меѓу хрватските состави Дуго Село и Сесвете.
Екипата на Алкалоид во елиминацискиот дел доколку го помине германскиот Хановер, ќе игра во групата „Г“ заедно со Фредериција од Данска, Татран Прешов од Словачка и победникот од шведската пресметка меѓу Савехов и Малме.

