Екипата на Алкалоид оваа година ќе се обиде да обезбеди пласман во Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда тргнува од квалификациите, но освојувачот на ЕХФ Купот немаше позитивна ждрепка.
Во квалификациската рунда, Алкалоид го доби најтешкиот ривал, бундеслигашот Хановер. Натпреварите ќе се играат на крајот на август и почетокот на септември, термините се веќе одредени.
Првиот меч е на 31 август од 17:00 часот во „Свис Лајф Хол“ во Хановер, додека реваншот е на 6 септември од 19:30 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје.
Победникот од двомечот ќе се пласира во групната фаза на Европската лига на ЕХФ.

