Кендрик Перкинс имаше критики за екипата на Лос Анџелес Клиперс која во континуитет не успева да се наметне за титулата во НБА лигата.
„Оклахома Сити поставува стандарди за млади играчи а Клиперси го ангажираа Бредли Бил, кој не одиграл 60 натпревари во последните пет години. Сите ја разбираме ситуацијата со Кавај Ленард а Џејмс Харден е познат по тоа што не успева во плејофот“ – вели Перкинс.
„Да, договорот на Бил од 11 милиони долари на 2 години изгледа како добра работа но, тој одамна не личи на себе и не плаши никого во лигата“ – рече експертот на „ESPN“.

