Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Димевски: Сите го дишеме олимпискиот воздух
    Домашен микс

    Димевски: Сите го дишеме олимпискиот воздух

    dinoBy dino23/07/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Претседателот на МОК, Даниел Димевски, Министерот за спорт, Борко Ристовски, нашата одбојкарка, Матеа Попоска и странските претставници на ЕМОФ 2025, денеска имаа средба со новинарите.

    „Скопје и Куманово го живеат олимпискиот сон. Токму тоа што сакавме да го доловиме и да го донесеме тука во нашата држава се случи и полека тој олимписки дух сите започнуваме да го дознаваме бидејќи секој ден низ градот можете да забележите многу бои, сите бои на Европа, многу насмеани луѓе, весели со позитивна енергија. Се тоа ќе остане тука како прекрасен спомен за сите што ќе дојдат и ќе уживаат со нас“ – потенцираше Димевски.

    „Најзначајното на игрите се спортистите. Тие го живеат олимпискиот сон и имаат шанса да се натпреваруваат со најдобрите. Тоа е искуство кое трае за цел живот и ќе се раскажува во иднина. Тоа ќе остане наследство за нивните семејства и за наредните генерации“ – изјави првиот човек на МОК.

    Министерот Ристовски нагласи дека Македонија покажува дека може да биде добар организатор додека одбојкарката, Попоска, го потенцираше значењето на игрите за сите нејзини врсници од Македонија кои добија шанса да настапат на ЕМОФ 2025.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.