Кошаркарот на Милвоки, Кајл Кузма, вели дека во наредната сезона во НБА лигата ќе има далеку подобри бројки и дека ќе ги прикаже вистинските квалитети.
Поентерот им се придружи на „Бакс“ во февруари и имаше просек од 14,5 поени, 5,6 скока и 2,2 асистенции во 33 натпревари од регуларната сезона. Во плејофот, неговите бројки паднаа на 5,8 поени и 2,2 скока за 20,4 минути.
„Не играв како што сакав. Ќе треба да се фокусирам на моите кошаркарски вештини и да ја средам мојата шутерска форма“ – рече кошаркарот.

