Поранешниот НБА играч, Патрик Беверли, сака да инвестира во израелскиот клуб Хапоел Тел Авив.
„Патрик сега ја разгледува можноста да стане акционер во Хапоел, инвестирајќи пари во клубот. За тоа разговарамеа“ – рече сопственикот, Офер Јанаи.
Беверли во изминатата сезона се врати во европската кошарка за прв пат од 2012 година. 37-годишниот бек имаше просек од 10,7 поени, 4,1 скока и 4,6 асистенции во 14 натпревари од Евро-купот.

