Били Донован ја продолжи соработката со НБА тимот, Чикаго Булс, објавија денеска дел од медиумите.
60-годишниот стратег во претходната сезона го обезбеди деветтото место на Истокот со 39 победи и 43 порази. „Булси“ во првата елиминациска рунда загубија од Мајами Хит и мораа да го пропуштат плеј-офот и тоа трета сезона по ред.
Донован има 195 победи и 205 порази во претходните пет сезони поминати на клупата на Чикаго. Тој има работено и во Оклахома Сити Тандер

