Се очекува 26-годишниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс , Лука Дончиќ , да потпише нов четиригодишен договор вреден 249 милиони долари со калифорнискиот клуб оваа сабота, откако ќе ја заврши својата турнеја низ САД како амбасадор на брендот патики „Џордан“, објавија медиумите во САД.
Се наведува дека Лука Дончиќ веќе е во САД, а денес тој треба да го посети Њујорк, додека во четврток Чикаго. Во сабота, 2 јули, неговата промотивна турнеја ќе заврши во Лос Анџелес, каде што Дончиќ може да се сретне со Роб Пелинка, како и со остатокот од раководството на ЛА Лејкерси.
Дончиќ заврши во составот на Лејкерси како резултат на позната размена на 2 февруари 2025 година, кога Ентони Дејвис беше испратен во Далас Маверикс, а Лука се пресели во Лос Анџелес.

