Ракометарите на Вардар под диригентската палка на новиот тренер, Иван Чупиќ, денеска ги започнаа подготовките за наредната сезона. Легендата на „црвено-црните“ сега со нова улога, посакува успешна сезона.

„Како и секогаш Вардар има големи амбиции. Сега со нови играчи и со новиот стручен штаб започнуваме со тренинзи, се запознавме и полека чекор по чекор ќе напредуваме. Не ги криеме амбициите и во домашното првенство и во Европа“ – вели Чупиќ.

„Квалитетот кој го имаме е многу значаен, но, за мене сите играчи се нови. Тешка задача е пред нас, амбициозни сме и верувам дека околу први јуни 2026 година ќе се радуваме. Ракометарите ги поминаа медицински тестови и сите сакаат да се докажат“ – изјави Чупиќ.

