Кендрик Перкинс не го вклучи играчот на Клиперси, Крис Пол, во листата на најдобрите плејмејкери во историјата на НБА.
Поранешниот кошаркар а сегашен експерт на „ESPN“ наведе 10 играчи на вечната ранг-листа на лигата кои ја имале улогата на организатори на играта.
Според него тоа се: Меџик Џонсон, Стеф Кари, Оскар Робертсон,Џон Стоктон, Исаија Томас, Гари Пејтон, Расел Вестбрук, Стив Неш, Џејсон Кид и Боб Кози.

