Македонија гостува кај Унгарија во второто коло, а ова е дуел на двете поразени селекции на стартот на претквалификацискиот циклус за Светското првенство 2027 година.
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, одлучи да им верува на истите дванаесетмина кои играа против Романија на стартот на претквалификациите за Светското првенство во Куманово.
Со ист тим селекцијата на Македонија ќе ѝ се спротивстави на Унгарија на гостувањето во Шолнок. За овој натпревар во тимот ќе бидат: Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Џејкоб Вајли, Валмир Какруки, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски и Тома Стојановски.
Натпреварот меѓу Унгарија и Македонија во „Тисалигети“ арената Шолнок се игра во терминот од 18:00 часот.

