Денеска на програмата на 53. издание на Струшкиот турнир се последните два меча од групната фаза, по што ќе биде познат вториот финалист.
Главниот фаворит за првото место, Охрид е прв финалист и ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Тиквеш и Бутел Скопје, кој ќе го пополни местото во утрешното финале.
На Бутел им е потребна било каква победа, додека кавадарчани и со нерешен резултат би можел да бидат први во групата и да се пласираат во финалето.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Тиквеш ќе се игра на игралиштето „Горан Попоски Бабец“ од 20:55 часот, додека претходно ќе играат турската Бурса и Струга од 18:45 часот во битката за второ место во групата А.


