Финската кошаркарска НБА ѕвезда, Лаури Марканен имаше 42 поени и 12 скока за 24 минути на тест-мечот против Полска.
Марканен постигна 42 поени за својот тим, погодувајќи 10 од 17 шутеви од поле, 3 од 7 тројки и 19 од 20 слободни фрлања. За 24 минути на теренот, финскиот напаѓач успеа да собере и 12 скока, да направи 1 украдена топка и 3 блокади.
Финците ги победија Полјаците со 97:88.
Во последните три натпревари од предсезоната, Марканен постигнуваше во просек 40,3 поени со 69,6 проценти шут од поле.

