Кошаркарот на Голден Стејт , Џонатан Куминга, не сака да заостанува зад неговите колеги од драфтот во 2021 година во однос на вредноста на договорот.
Според „Сан Франциско кроникл“, поентерот проценил дека е на истото ниво со Скоти Барнс и Кејд Канингем и очекува слична сума на договорот. Пет од шесте играчи избрани пред Куминга добија големи суми.
Пример, Канингем кој беше прв пик и Еван Мобли (број 3) потпишаа продолжување на договорите во вредност од 269 милиони долари во период од пет години.

