Хит потпишаа негарантиран договор со плејмејкерот, Џамир Јанг, (24 години, 190 см) кој ќе се натпреварува за двонасочен договор.
Кошаркарот во претходната сезона одигра шест натпревари за Чикаго а беше дел и од Г-лигата.
Јанг во тие мечеви дојде до просек од 21,7 поени, 7,0 асистенции, 4,5 скока и 1,9 украдени топки по натпревар.

