Кошаркарот, П.Џ. Вашингтон, до крајот на работнава неделава ќе има можност да потпише нов четиригодишен договор со Далас вреден нешто помалку од 90 милиони долари.
Доколку тоа се случи, 27 годишникот ќе добие 20% зголемување на платата во првата година за сезоната 2025/26.
Воедно, тој не може да биде продаден во првите шест месеци. Вашингтон во претходната сезона имаше просек од 14,7 поени и 7,8 скока во 57 натпревари.

