Репрезентативецот на Словенија, Лука Дончиќ, изјави дека секогаш е среќен што игра за неговата татковина.
„Многу сум среќен што сум тука, секогаш е задоволство да ја претставувам својата земја. Тоа е лесен избор и секогаш сум го правел, без разлика на сè. Едвај чекам да започнеме.“ – рече Дончиќ.
„Не знам што се променило од Евробаскет 2022, се обидувам да се подобрувам секој ден. Стареам, поминаа три години и за мене малку работи се променија“ – рече играчот на Словенија.

