Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Отворен Регионалниот ракометен турнир во Скопје, денеска нови средби
    Ракомет

    Отворен Регионалниот ракометен турнир во Скопје, денеска нови средби

    sasoBy saso29/08/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје синоќа беше означен почетокот на првиот Регионален ракометен турнир „Скопје 2025“, спортски настан инициран како резултат на соработката на ресорните министерства за спорт на Македонија, Србија и на Црна Гора.

    Првото издание на турнирот на кој настапуваат водечки екипи од трите земји во двете конкуренции, се одржува во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со поддршка од Министерството за спорт.

    -Ми претставува огромно задоволство што една заедничка идеја за само неколку месеци успеавме да ја претвориме во конкретна работа. Заедно со моите колеги, министерот за спорт на Република Србија и со министерот за спорт и млади на Црна Гора, покажавме дека можеме да организареме еден ваков турнир кој сигурен сум дека ќе прерасне во традиција. Преку ова испраќаме и порака дека заедно, со здружени сили можеме да направиме многу повеќе за спортот од она што го имаме сега на овие простори – истакна министерот Борко Ристовски на отворањето на турнирот.

    Сите натпревари во трите натпреварувачки дена (28-30 август) се играат во СЦ „Борис Трајковски“. Влезот е слободен за сите љубители на ракометот.

    Денеска во вториот ден на турнирот ќе ги проследиме дуелите:

    15.00 Металург Автокоманда – Будуќност

    17.00 Е. Пелистер – Ловќен

    19.00 Жорче Петров – Бор

    21.00 Вардар – Војводина

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.