Турскиот репрезентативец Шејн Ларкин истакна дека Србија има ресурси да го замени својот капитен, Богдан Богдановиќ, кој поради повреда нема да може да продолжи со настапи на Европското првенство.
„Богдан Богдановиќ е важен дел од тимот, но Србија има одлични играчи од број еден до број 12. Секогаш ќе има некој што е подготвен да излезе на теренот и да покаже што може“, рече турскиот поентер.
На 3 септември, репрезентацијата на Србија ќе се сретне со Турција во последниот натпревар од групната фаза на Евробаскетот.

